Катар, СП во пливање во кратки базени

Блажевски и Чепишевски без рекорди за крај

07.12.2014 18:41

Марко Блажевски и Горазд Чепишевски пропуштија шанса да се вратат од првенството со рекорди во сите дисциплини, но иако се далеку од конкурентни со елитата во овој базичен спорт, останува констатацијата дека во Доха имаа и повеќе од забележливо учество...

Четири дена навикнавме на информации од Доха за нов државни рекорди на македонските пливачи на Светскиот Шампионат во кратки базени. Сепак, тоа што на последниот натпреварувачки ден на Мундијалот во Катар не го одржаа таквиот тренд, не го намалува поволниот впечаток од нивните настапи.

Марко Блажевски и Горазд Чепишевски пропуштија шанса да се вратат од првенството со рекорди во сите дисциплини, но иако се далеку од конкурентни со елитата во овој базичен спорт, останува констатацијата дека во Доха имаа и повеќе од забележливо учество, особено ако се знаат резултатите на нашето пливање на големите настани во последниот период. Блажевски денеска беше 38-ми меѓу 52-ца натпреварувачи на 200 метри делфин со резултат 2 минути и 61 стотинка, којшто не е рекорд, но е за секунда и пол подобар од времето со коешто беше пријавен.. Чепишевски, пак, заврши на 41-то место меѓу 59 пливачи на 200 метри грбно со резултат 2 минути, 3 секунди и 38 стотинки, што е послаб од оној со којшто беше пријавен.

Претходните денови во Доха, Блажевски собори четири, а Чепишевски два државни рекорда.