Лилехамер, СК во скијачки скокови

Куделка ја продолжува серијата

07.12.2014 18:43

На големата скокалница на којашто пред 20 години беа борбите за олимписките почести, поради ветар и неповолни временски услови се одржа само една серија...

Чехот Роман Куделка е победник на второто поединечно натпреварување во скијачки скокови викендов во норвешки Лилехамер.

На големата скокалница на којашто пред 20 години беа борбите за олимписките почести, поради ветар и неповолни временски услови се одржа само една серија. Во неа Куделка имаше должина од 140 метри, за која собра четири бода повеќе од Словенецот Петер Превц. Превц прескокна 139 метри и го освои второто место, пред Австриецот Михаел Хајбек, којшто за најдолгиот скок на денот од 141,5 метар собра 4,5 бода помалку од славеникот и заврши трет. Четврти беше Германецот Фројнд, петти Швајцарецот Аман, а тринаесетти вчерашниот победник, Австриецот  Шлиренцауер.

За Роман Куделка, којшто  донеодамна сезона немаше успеси во Светскиот куп, ова е втор триумф по оној пред две недели во германски Клингентал, на премиерното натпреварување во сезоната. Води во генералниот пласман со 290 бода, пред Аман со 281 и Норвежанецот Андерс Фанемел, којшто досега собра 250.