Кошарка – АБА лига

Голем пресврт за четврта победа на МЗТ Скопје во АБА лигата

07.12.2014 19:00

Со овој успех МЗТ Скопје се врати на победнички патеки во Јане Сандански и со вкупно 4 победа сезонава ...

Во 11 коло од АБА лигата МЗТ Скопје Левски 72 : 61 со голем пресврт во последниот период, кој го добија со 31 : 7. Претходно се беше во знакот на противничкиот тим, кој почна изненадувачки агресивно и ја искористи лежерноста во домашниот состав. Лесно поентираа и набрзина создадоа двоцифрена предност од 0 :12. По десетина неискористени напади, МЗТ ги постигна првите поени дури по пет минути игра, но до крајот на четвртината ништо битни не се смени и на семафорот стоеше 6 : 16. Нешто посериозно тргнаа во втората кога намалија на 10 : 16, по што влегоа во серија грешки и му овозможија на Левски да ја врати двоцифрената предност, која во финишот на полувремето беше 17 поени а на одмор се замина со резулатат 22 : 36.

Третиот период беше реприза на претходниот, во кој бугарскиот првак имаше највисока предност 31 : 50, која МЗТ ја сведе на 41 : 54 како најава за голем пресрет на завршните 10 минути. А во нив Симоновски почна рафално, со две тројки по што му се приклучи Диксон во серијата од 15 : 2 за само 4 ипол минути игра и прво израмнување на 56 : 56 . Агресивноста во домашниот состав придонесе Класен и Лучиќ да ја напуштат играта поради пет лични грешки. Не ги поколеба ни повредата на Стојановски кој претходно со тројка придонесе за првото водство 59 : 56. До крајот се беше во знакот на македонскито шампион кој континуирано го зголемуваше водството кое на крајот достигна двоцифрена разлика 72 : 61 со забивањето на Диксон во последната секунда. Токму американецеот беше најефикасен со 16 поени, Симоновски постигна 14 а Цветковиќ 12 поени кај победникот, додека кај тимот од Софија Захариев со 15 и Маринов со 13 поени беа најзабележителни поединци.       

Со овој успех МЗТ Скопје се врати на победнички патеки во Јане Сандански и со вкупно 4 победа сезонава прават прогрес кон средината на табелата, во пресрет на гостувањето кај шампионот Цибона, додека дебитантот Левски по 10 пораз останува прикован на дното на табелата.