Супер трка на Лара Гут
Во трката во која наизменично се сменуваа најдобрите времиња, 23 годишната Гут ја имаше најбрзата линија на движење со резултат од 1:18.46...

Лара Гут го доби првиот супервелеслалом во сезоната од Светскиот куп. Швајцарката имаше беспрекорно возење на патеката во канадскиот зимски центар Лејк Луис. Во трката во која наизменично се сменуваа најдобрите времиња, 23 годишната Гут ја имаше најбрзата линија на движење со резултат од 1:18.46. Ова е нејзин 11-ти триумф во трките од Светскиот куп, 7-ми во „супер-џи“!
Американката Линдзи Вон по вчерашниот триумф во спустот, само ја потврди добрата подготвеност. Беше втора со 37 ститинки заостанување. Трета на подиумот се искачи Словенката Тина Мазе. Мазе останува на лидерската позиција во генерален пласман со 320 бодови, пред двете Австријки, Цетел со 250 и Фенингер со 231 бод.
Белиот карван по денешната трка ги напушта кандските Карпести Планини и се враќа во Европа. Во шведскиот Оре на 12 и 13 декември девијките ќе ги имаат трките во велеслаллом и во слалом.
