Лигети, велеслаломски моќник
На „свој“ терен во Бивер Крик, американскиот репрезентативец ја имаше главната ролја во вториот велеслалом од сезоната...

Тед Лигети и во новата сезона од Светскиот скијачки куп ужива во својата велеслаломска надмоќност. На „свој“ терен во Бивер Крик, американскиот репрезентативец ја имаше главната ролја во вториот велеслалом од сезоната. Решавачко беше второто возење, во кое ја доби битката со конкурентите. Неговото победничко време беше 2:34.07. Французинот Алексис Пантуро имаше „вишок“ од 18 стотинки, а Австриецот Марсел Хиршер заостана за 60 стотинки.
Славниот Бењамин Рајх по подолг период беше во прв план со најдобар резултат по првото возење, на австрискиот скијачки ветеран на крај беше четврти. За Тед Лигети, олимпискиот шампион во велеслалом од Сочи 2014-та, ова беше 24-та победа во кариерата во трките од Светскиот куп, а 23-та во велеслалом.
И машкиот дел од „белиот циркус“ ги напушта патеките на Колорадо и се сели во шведскиот зимски центар Оре, на чии патеки во наредниот викенд ќе се возат трките во велеслалом и во слалом.Во генералниот поредок во Светскиот куп по 7 трки води Норвежанецот Кјетил Јансруд со 412 бодови, пред Австриецот Марсел Хиршер со 240 бода.
