Снукер

Епско снукер финале

08.12.2014 00:46

Беше најсилен во најделикатните моменти од првенството. Во полуфиналето го совлада Бингам со 6:5, во ¼ финалето МекГил со 6:4, а најсилниот негов блесок беше во дуелот со Метју Селт во кој победи со 6:0...

Рони О'Саливен е победник на шампионатот на Велика Британија во снукер. Во исклучително драматичното финале, О'Саливен го совлада Џад Трамп со 10:9 во фрејмови. Многу необичен тек имаше завршниот меч во Барбикан Центарот во Јорк. Во битката со десет добиени партии најдобриот снукер играч на денешницата  водеше со 5:1 и со 9:4, но младиот Џад Трамп се врати во игра израмнувајќи на 9:9.

Во „мајсторката“, О'Саливен ја доби битката на нерви! Извонредно финале кое ќе влезе во снукер антологијата! Ова е петта негова титула по триумфите во 1993,1997,2001 и 2007 година. Рони О'Саливен одигра нов голем турнир. Беше најсилен во најделикатните моменти од првенството. Во полуфиналето го совлада Бингам со 6:5, во ¼ финалето МекГил со 6:4, а најсилниот негов блесок беше во дуелот со Метју Селт во кој победи со 6:0. Во овој меч тој  го оствари 13-от максимален брејк од 147 поени во кариерата, за што беше награден со 44000 фунти.

О'Саливен покрај победничкиот пехар доби и парична награда од 150 000 фунти.