Македонија го чествува Св. Климент Охридски
08.12.2014 10:25
Напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2014 година, во Собранието на РМ...
Денеска со низа активност ќе се одбележи државниот празник „Св. Климент Охридски“. Напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2014 година, во Собранието на РМ.
Историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата, се добитници на државнатанаграда „Св.Климент Охридски“ во 2014 година.
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Божествена литургија за празникот со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Во 11 часот делегација на Владата во состав на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска и заменик министерот за правда Билјана Бришкоска Бошковски ќе положат венец на Споменикот на Св. Климент Охридски пред Соборниот Храм.
Свети Климет Охридски е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.
Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.
Свети Климент Охридски, меѓудругото, е основач на првиот универзиет во Европа и коректор на првата македонска азбука – Глаголицата, која ја нарекол Кирилица.
