Прилеп: Успешна година за бизнисите

08.12.2014 14:21

И прилепското стопанство се вклопува во оценката за вкупната економска експанзија на Македонија. Зголемено производство, повеќе работни места, поголема ликвидност, здрава конкуренција со странските компании. За идната, се надеваат на подобри резултати...

2014-та беше година на експанзија на македонската економија. Законската регулатива кај нас е една од најдобрите во регионов и таа треба да се искористи максиманално од страна на компаниите за нивни поголем развој. Ова е оценката на бизнисмените за тоа каква беше сликата на економски план за оваа година. Најголем дел од нив го зголемиле производството и пласманот за 2 до 3 пати. Се предвидуваат и нови вработувања за 2015-та.

„2014 година беше година на наша експанзија, за три пати го зголемивме производството за разлика од 2013-та. Тоа го направивме благодарение на новите инвестиции во основни средства и човекови ресурси. За 2015 година очекуваме да го зголемиме капацитетот но не по основ на инвестиции во нови машини туку по основ на нови инвестиции во човекови ресурси“, истакна Ирена Јкимоска, менаџер во британско – македонска компанија.

Странските пазари се стабилизирале, а со тоа и сите извозно ориентирани компании од Македонија, особено оние од текстилната индустрија.

Одлично работеле и оние на лон принцип како и производителите на сопствени брендови.

„Стравот од губење на работата кој го имаше кај нас работодавачите повеќе го нема. Ние одиме секогаш со 20 до 30 проценти зголемено производство и очекуваме добра наредна година“, вели Благоја Конески, сопстевник на текстилна фирма.

И од прехрамбената индустрија оценуваат дека 2014-та била добра година за нив. Инвестирале во нови капацитети и технологии.

„Конкретно за 2015 година очекуваме да се реализираат сите оние странски инвестиции кои се во најава од страна на Владата кои значително можат да го повлечат индустрискиот сектор во Македонија, сите индустрии да ги мотивираат и стимулираат за понатамошно производство“, изјаци Даниел Станоески, менаџер на прехрамбена компанија.

Додатен импут за македонската економија, секако се предвидува да бидат и новите странски инвестиции и инфраструктураната експанзија која е во тек.

 

Дарко Штаргоски