Инвестицијата во органско производство се исплати

08.12.2014 14:31

Во Македонија постои интерес кај земјоделците да поминат од конвенционално во органско производство, тврдат од федерацијата. Секојдневно постапките и технологијата на производство поедноставува...

Органското производство е одличен семеен бизнис. Земјоделците кои повеќе години се занимаваат со сертифицирано производство на овошје и зеленчук велат дека инвестицијата се исплати после неколку години. Од друга страна, Македонија нуди повеќе можности за комбинирање кои го прават овој бизнис доходовен.

„Веќе повеќе од седум години, истото е сертифицирано. Во склоп на фармата за производство на органско овошје и зелечнук, семејството исто се занимава со селски туризам“, вели Костадин Костадинов- органски производител.

И искуствата на бугарските органски производители покажуваат дека долгогодишното искуство носи успеси. Важно е размената на наученото за поефикасна и поплодоносна реколта.

„Може да научиме од колегите затоа што се реални производители, затоа што имаат мала поддршка, а целиот труд е од сопствени ресурси за да создаваат еко- производи. На тој начин е можеби потешко, но еве лично јас со моето 25 годишно искуство немам доживеано неуспех“, вели Илија Илиев- органски производител од Бугарија.

Во Македонија постои интерес кај земјоделците да поминат од конвенционално во органско производство, тврдат од федерацијата. Секојдневно постапките и технологијата на производство поедноставува.

„Не е баук органското земјоделско производство туку има се повеќе се повеќе инпути за примена во таа сфера, како органски производи кои  не го загадуваат ниту производот, ниту животната средина“, вели Ѓорги Хаџи-Котаров, претседател на Федерацијата на органски производители.

На ниво на Македонија има околу 500 органски производители, а само во југоистокот стотина.  Најмногу произведуваат овошје, чаеви, сточарски производи, печурки и преработки од овошје и зеленчук.

 

Катерина Давчева