Шест лица загинаа,а две деца се во критична состојба

02.01.2014 12:07

Полска

Шест лица загинаа, а две деца на 8 и 12- годишна возраст се во критична состојба, откако 26-годишен пијан маж на Нова година  ги прегазил на пешачка зона  во полскиот град Камиен Поморски. Очевидците велат дека глетката била страотна, насекаде имало расфрлани тела.  Според првичните информации возачот во крвта имал два промила алкохол и повеќепати возел пијан. 

Минеаполис

Тринаест лица се повредени, од кои шест се во критична состојба при експлозија и пожар во станбена зграда во американскиот град Минеаполис. Од детонацијата се урнал дел од покривот, а потоа избувнал пожар.  Повредените добиле изгореници  и вдишиле чад. Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата.

Израел

Критична здравствената состојба на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој е во кома од 2006 година.  85-годишниот Шарон беше премиер на Израел од 2001 кога доживеа мозочен удар, и оттогаш е во кома.  Шарон е професионален војник на израелската армија и учествувал во три израелско-арапски војни. Целиот свој работен век  како премиер го помина работејќи на политиката за постигнување  мир  со Палестинците.

Австралија

Голем шумски пожар во Квинсленд.  Евакуирани се стотици туристи. Екипи на противножарната служба се борат со пламените јазици, но огнот е надвор од контрола. Се уште  е активен и пожарот  на островот Страдброук, каде што беа евакуирани над 900 кампери, откако огнените пламени се прошириле до плажите.

Марија Петковска