Обама: Потребно е време за борба против расизмот
08.12.2014 14:41
Тој повика на трпение при решавање на овие прашања, оценувајќи дека напредок обично се постигнува со мали чекори...

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе биде потребно време и внимание за решавање на проблемите вкоренети во американското општество, како што се расизмот и предрасудите.
Тој повика на трпение при решавање на овие прашања, оценувајќи дека напредок обично се постигнува со мали чекори.
Обама во интервју за телевизискиот канал БЕТ зборувал и за својот разговор со група млади активисти за права на граѓаните, вклучувајќи ги и лидерите на протестите во Фергусон, кои минатата недела ги прими во Белата куќа.
Расните тензии се дополнително зголемени откако не е покренато обвинение против белиот полицаец, кој во Фергусон уби невооружен Афроамериканец.
Обама истакна дека на активистите им порачал оти станува збор за нешто што е длабоко вкоренето во американското општество и историја.
