Ракомет

Фаворитките сигурни

08.12.2014 15:09

Во првото коло од групата „Це“ Германија ќе игра со Холандија, а Хрватска со Шведска...

Првата половина од воведната рунда на Европското првенство за ракометарки не донесе изненадувања. Данска, Норвешка и Шпанија се радуваа на првите успеси, а Унгарија и Русија ремизираа во дербито. 

Во првото коло од групата „Це“ Германија ќе игра со Холандија, а Хрватска со Шведска. Франција – Словачка и Црна Гора – Србија се двојките од групата „Де“ на континенталниот шампионат чиишто домаќини се Хрватска и Унгарија.

***

ЕП РАКОМЕТ:

Група „Це“

Германија – Холандија

Шведска – Хрватска

Група „Де“

Франција – Словачка

Црна Гора – Србија

***

Вчера:

Група „А“

Шпанија – Полска 29-22

Унгарија – Русија 29-29

Група „Бе“

Данска – Украина 32-23

Норвешка – Романија 27-19