MЗТ Скопје покажа карактер, но победата над Левски е скапо платена
Натпреварот со Левски уште еднаш потврди дека слаби противници нема и дека бодовите никогаш не се однапред запишани, за што е согласен тренерот Митев...

Десет минути максимален ритам во завршниот период беа потребни негативата во синоќешниот мечсо бугарскиот првак од 19 разлика во третиот период,да се претвори во двоцифрена победа од 72 : 61. Побледото полувреме приодот кон играта се смени по одморот, екипата покажа карактер и висок морал штоа резултира во завршната четвртина која МЗТ Скопје ја доби со 31 : 7. Творецот на пресвртот ги прифаќа критиките дека играчите премногу комотно влегоа во натпреварот
„Првата четвртина почнавме конфузно и во нападот и во одбраната, што се одрази во нападот каде што тешко погодувавме и губевме. За разлика од тоа во второто полувреме одигравме многу подобро, особено во одбраната и дојдовме до оваа победа“ - изјави Марко Симоновски, кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром.
Натпреварот со Левски уште еднаш потврди дека слаби противници нема и дека бодовите никогаш не се однапред запишани, за што е согласен тренерот Митев.
„Играчите влегоа во натпреварот по онаа народната ‘ќе биде лесно’. Во најголем дел не го применуваа тоа што го работевме на тренинзите во последните денови и затоа губевме со 14 поени на полувреме. Вотретата четвртина уште бевме во грч и во негатива, но кога ја средивме енергијата на противникот тогаш успеавме да го добиеме мечот. Имаме потенцијал, се надевам дека ќе продолжиме со победи, некој пат добри некој па лоши. Според мене, подобро е да победуваме со лоша игра, отколку да губиме со добра“–изјави Боби Митев, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.
Сепак победата е скапо платена, со тешката повреда на Дамјан Стојановски за кого поради скинат преден вкрстен лигамент сезоната е завршена. По 4 победа во 11 натпревар МЗТ Скопје е на 10 позиција, зад квартетот екипи со по бод повеќе меѓу кои е и минатогодишниот шампион Цибона, во пресрет на гостувањето во Загреб следната недела со почеток од 17 часот.
