Доделени наградите „Св. Климент Охридски“

08.12.2014 16:11

Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања...

Историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата, се добитници на државната награда „Св.Климент Охридски“.

Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.