Бадникарската прослава в понеделник
Платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје ...

Платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје и годинава на 6-ти јануари ќе биде местото на главната Бадникарска прослава во земјава. По 22-ри пат, бадникарското знаме ќе се предаде од стариот на новиот кум на свеченоста. Во програмата е предвидено, настап на детската група„ Скопски коледарчиња“ осветување на бадниковите гранчиња од свештениците на Македонската Православна Црква,изведба на бадникарската химна, а традиционалниот ќуп ќе биде предаден од Архиепискот Охридски и Македонски, г.г. Стефан на новиот кум, бизнисменот Методија Стефановски-Тоде. На настанот, што Македонското Радио ќе го пренесува директно од 11 часот, ќе присуствува и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Бадникарската прослава в понеделник почнува во 9 и 30, а ќе трае до 13 часот. Во неа ќе настапат македонски естрадни ѕвезди.