Нацрт- предлогот за државниот испит доставен до сите универзитети
До сите универзитети во земјава е доставен нацрт – предлог за државниот испит. Откако ќе биде разгледан, ќе бидат организирани широки јавни дебати, со учество на студентите. Властите побараа- академските граѓаните да не дозволат да бидат изманипулирани...

Високообразовните институции од петокот го имаат владиниот концепт за полагање на државниот испит. Секој од факултитетите ќе направи анализа, по што изјави ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, следниот чекор ќе биде заедничка дебата од којашто ќе призлезе и ставот на високообразовните институции.
„Во петокот го добивме тој материјал, доставен е до сите универзитети во Република Македонија. Кога ќе добиеме извесување од универзитетите ќе го поставиме на интеруниверзитетска конференција и ќе го добиете ставот од академската јавност“, изјави ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.
Од јавната расправа во којашто ќе учествуваат студентите и сите релевантни инстуции, изјави вториот човек во Министерството за образование, ќе се искристализира конечната варијанта за новината во високото образование. Ристовски уште еднаш апелираше, студентите да не дозволат да бидат изманипулирани од одредени политички структури, бидејќи со секојдневното менување на мотивите на оние што го критикуваат државниот испит, како што рече, повеќе од јасно е дека некој од ова посакува да извлече политички профит.
„Сега се повикува на било каква реформа во високото образовение, се повикуваат родители, се повикуваат други граѓани. Се изгуби комплетната студентска смисла, со што со право ние изминатите неколку денови јасно и недвосмислено укажуваме на фактот дека се повеќе евидентно е дека политиката е директно вмешана во оваа ситуација“, изјави заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.
За студентите, од заменик министерот за образование- порака: не дозволувајте да бидете вовлечени во нечие сценарио. За политичките конкуренти покана за конструктивна дебата во којашто преку понудените решенија ќе се најде формулата како до поквалитетно знаење на иднините академски граѓани.
Виолета Димовска
