Земјата се вжештува
До крајот на векот , планетата Земја ќе биде потопла за четири степени Целзиусови ако не се интервенира – стои во најновото истражување за климатските промени. Само намалувањето на стакленичките гасови може да ја спаси од порастот на температурата што ќе уништи дел од животинскиот и растителниот свет и директно ќе атакува со големи промени врз животот на луѓето.

До крајот на векот , планетата Земја ќе биде потопла за четири степени Целзиусови ако не се интервенира – стои во најновото истражување за климатските промени. Само намалувањето на стакленичките гасови може да ја спаси од порастот на температурата што ќе уништи дел од животинскиот и растителниот свет и директно ќе атакува со големи промени врз животот на луѓето. Колку повеќе се загрева толку помалку ќе има облаци и сончева светлина што ќе се рефлектира во веселената , и ќе предизвика нов температурен пораст – во анализата говори професор Стевен Шервуд од Австралискиот Универзитет во Нов Јужен Велс .
Се прогнозира потежок живот , невозможен во повеќе делови од тропските подрачја , топење на мразот на Гренланд и на делови од Антарктикот .
