Два големи пожари денеска во Лос Анџелес

08.12.2014 18:10

Нема информации за жртви. Пламените јазици и густиот чад биле видливи со километри..

Два големи пожара денеска избувнаа во Лос Анџелес каде што најпрво се запалила дрвена конструкција на објект во изградба во центарот на градот, а потоа и во зграда во западниот дел од градот.

Нема информации за жртви. Пламените јазици и густиот чад биле видливи со километри, а повеќе од 250 пожарникари се вклучиле во гаснењето на огнената стихија.

Нема индиикации дека двата пожари биле поврзани.