Германците сакаат Меркел повторно да се кандидира на парламентарните избори

08.12.2014 18:15

На врвот од популарноста, таа е на добар пат повторно да биде избрана на чело на Kонзервативната партија христијанска заедница...

Повеќе од половина од жителите на Германија сакаат канцеларката Агела Меркел повторно да се кандидира на парламентарните избори во 2017 година.

На врвот од популарноста, таа е на добар пат повторно да биде избрана на чело на Kонзервативната партија христијанска заедница.

Наспроти тоа 37 проценти сметаат дека канцеларката којашто е на власт од 2005-тата, треба да се пензионира по истекот на сегашниот, трет по ред мандат.