Сообраќајот по влажни коловози, снег и магла на повисоките места
09.12.2014 09:02
Појава на магла има на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип со виливост 50-100м., патен правец Страцин – Куманово видливост од 50-100м. и планински превој Стража вид. 30-40м...

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир (од с.Узен до гр.премин Деве Баир) со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Појава на магла има на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип со виливост 50-100м., патен правец Страцин – Куманово видливост од 50-100м. и планински превој Стража вид. 30-40м.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
