Изложба на Глигор Чемерски во Москва
09.12.2014 09:15
Отворањето на изложбата е во чест на инаугурацијата на академик Чемерски во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“ како прв уметник од Македонија во Академијата...

Во галеријата „Зураб Цератели“ во Москва денеска ќе биде отворена изложба на уметникот Глигор Чемерски, насловена „Настани и знаци на земјата македонска“.
Отворањето на изложбата е во чест на инаугурацијата на академик Чемерски во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“ како прв уметник од Македонија во Академијата.
На изложбата ќе бидат претставени 43 дела од повеќе циклуси на авторот, како своевидна ретроспектива на неговото повеќедецениско творештво.
Изложбата на Чемерски во галеријата „Зураб Цератели“, која го носи името на големиот руски уметник, ќе биде отворена до 10 јануари 2015.
