Почна спасувачката мисија
Почна евакуацијата на патниците на рускиот брод „Академик Шокалскиј“. По деветдневното заробеништво во антарктичкиот мраз, кинескиот хеликоптер успеа да дојде до бродот.
,,Еве го хеликоптерот што ќе не одведе дома,,
,,Ви благодарам на сите,,
На бродот се наоѓаат 73 лица, меѓу кои австралиски, британски и новозеландски научници и туристи. Хеликоптерот ќе мора да слета вкупно седум пати за да ги извлече сите патници кои потоа ќе бидат префрлени на кинескиот брод „Снежен змеј“.

Шефот на екпедицијата Крис Тјурнеј среќен, вели ,,Ако се оди како што треба, би требало за еден час да бидеме извлечени оттука,, .
Тие сакаа да ја повторат историската експедиција на Антарктикот од пред еден век којашто ја водеше австралискиот научник, сер Даглас Мосон. Експедицијата почна пред околу три недели и требаше да се придружи на друг брод од Нов Зеланд на почетокот на јануари, но бродот наиде на големи слоеви мраз и се заглави. Потоа три брода мразокршачи се обидоа да му пријдат, но поради лошите временски услови беа принудени да се вратат.
Бојана Крстевски