Завршува ИПАРД огласот- најмногу интерес за набавка на трактори
09.12.2014 11:08
Утре истекува рокот за поднесување барања за средствата од ИПАРД. Документацијата мора да биде навреме доставена, за половина од трошоците на инвестицијата да бидат платени од европскиот фонд...

Десетти декември е последнит рок за доставување на барањата за користење на средствата од ИПАРД фондот.
Инвестиции за кои има најмногу интерес се набавка на трактори, опрема и обновивање на старите лозови и овошни насади, ѓубрење и берба.
Земјоделските стопанства наместо до 400.000 ќе може да добијат подршка и до 1 и пол милион евра.
Тракторите треба да имаат максимална моќност до 82 киловати и да се од земјите членки на Унијата, кандидати или потенцијални кандидати.
Методија Трајков
