Многудетното семејство не е неостварлив сон!

09.12.2014 11:16

Не секогаш парите се пресудни да се има многудетно семејство. Најважна е желбата, одговорноста и посветеноста на семејството. За тоа е одличен пример пет- членото смејство Ивановски од Куманово. Еве што регистрираше нашата камера за време на посетата...

Две годишната Дора е најмалиот член на кумановското семејство Ивановски. Биљана и Ивица, отсекогаш сакале да имаат семејство со многу деца и сега се горди родители на синовите Давид и Бруно и третата ќеркичка Дора.

„Се сложуваме добро, среќни сме заедно, си играме, се помагаме“, вели најстариот, 10 годишниот Давид.

Одгледувањето на три деца бара многу труд и енергија, но ако се сака се се постигнува вели Биљана и додава дека и покрај обврските со децата успеала да заврши и факултет, оди на работа и наоѓа време за себе.

„И двајцата сме работно активни, секој ден имаме работни обврски, но најважни се децата. Најголем дел од времето го користиме да бидеме сите заедно, да се дружиме, работиме со децата на нивните домашни задачи, но и излегуваме и едностовавно постигнуваме се“, изјави Биљана Ивановска мајка на три деца.

Кога стапиле во брак и двајцата биле невработени. Финансиски средства за засновање семејство се многу важни, но младите ги користат како изговор за одложување на родителството. Додатокот од околу 8.300 денари е добар чекор да ги охрабри брачните двојки да им се оствари желбата да имаат трето дете, вели нејзиниот сопруг Ивица.

„Би кажал дека таа помош е навистина едно олеснување за родителите, со тие средста во период од 10 години, може да се покријат трошоците за подигањето на детето“, додава Ивица Ивановски.

Од 2008-та Владата излезе со пакет реформи за подобрување на наталитетот во општините со ниска стапка, меѓу кои спаѓа и Куманово. Од 2009-та до 2013-та , регистриарни се околу 1.200 третородени деца.

 

Габриела Димковиќ