Скопје меѓу најдостапните градови во светот за туристи

09.12.2014 11:49

На објавената ранг- листа, македонската метропола е меѓу 15-те светски градови со најприфатливи цени за сместување во сите категории. Њујорк е рангиран како најскап град воопшто, а Тирана како најевтин...

Скопје e на 13-то место на ранг листата на најдостапни светски градови во 2014 година според индексот на цените за сместување, покажува истражувањето спроведено од веб страницата „GoEuro“.

Индексот ги следи состојбите во над 60 илјади сместувачки капацитети во повеќе од 150 градови во светот, а чија цел е да се утврдат ефектите од новите трендови во хотелската индустрија.

На објавената ранг- листа, македонската метропола е меѓу 15-те светски градови со најприфатливи цени за сместување во сите категории. Њујорк е рангиран како најскап град воопшто, а Тирана како најевтин.

Веб- страница за пребарување информации за патувања низ Европа- „GoEuro“ е лоцирана во Берлин и нуди споредби, односно комбинира опции за патувања со авион, железница, автобус или рент-а-кар.