Донаторска конференција за изградба на црквата „Св. Константин и Елена“

09.12.2014 11:58

Изградбата на црквата е веќе почната во центарот на Скопје. Темелите беа осветени пред две години на нова локација на улицата „Македонија“...

Денеска ќе се одржи донаторска конференција за изградба на црквата „Св. Константин и Елена“. Ја организира Македонската православна црква- Охридска архиепископија и фондацијата „Св. Цар Константин“.

Изградбата на црквата е веќе почната во центарот на Скопје. Темелите беа осветени пред две години на нова локација на улицата „Македонија“.

Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот, кај сегашен ГТЦ. Во 63-та земјотресот оштетил  дел од неа, а целосно била руинирана во 1970-та година.