Во Брисел разговори за судбината на „Јужен тек“
Брисел се обидува да испрати порака дека не е против изградбата на „Јужен тек“ под услов гасоводот да се усогласи со европските правила од т.н. Трет енергетски пакет...

Осум членки на Европската Унија кои се вклучени во проектот за гасоводот „Јужен тек“ и потпретседателот на Европската Комисија денеска во Брисел ќе разговараат за судбината на проектот.
Претседателот на Европската Комисија, Жан- Клод Јункер нагласи дека несогласувањата може да се решат.
Брисел се обидува да испрати порака дека не е против изградбата на „Јужен тек“ под услов гасоводот да се усогласи со европските правила од т.н. Трет енергетски пакет, кои забрануваат иста фирма да биде и сопственик на гасоводот и единствен дистрибутер на гасот.
Од друга страна, Москва тврди дека повикувањето на овие прописи е само изговор за ЕУ од политички причини, во услови на крајно заладени односи со Русија, да ја попречи изградбата на овој енергетски проект вреден 50 милијарди евра.
