Инцидент на турско- сириската граница, убиени тројца турски војници
09.12.2014 12:16
Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, која вчера беше во посета на Турција, истакна дека ЕУ и Турција треба да бидат усогласени ...

Тројца турски војници се убиени додека патролирале во близина на границата. Се уште не е утврдено од која страна почнала оружената престрелка. Локалните власти го истражуваат инцидентот.
Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, која вчера беше во посета на Турција, истакна дека ЕУ и Турција треба да бидат усогласени за да можат да се одбранат од нападите на Исламската држава.
Денеска се очекува земјата да ја посети британскиот премиер Камерон на разговори со Ердоган за безбедноста на британските граѓани кои ја минуваат границата.
