„Енфилд Роуд“ и „Луј Втори“ во фокусот
Две директни пресметкиза место во нокаут- фазата. Енфилд Роуд во оваа есен не е најпривлечносто место за навивачите на Ливерпул. Депресијата од несреќно загубената трка за титулата од претходното првенство, постојано се провлекува...

Завршни натпревари од групната фаза на Лигата на фудбалските шампиони. За неколку екипи тоа ќе е момент на вистината! Ќе презимат ли во елитното натпреварување? Привлечната моќ е најсилна на дуелот Ливерпул-Базел и во надигрувањето меѓу Монако и Зенит. Две директни пресметки за место во нокаут- фазата. Енфилд Роуд во оваа есен не е најпривлечносто место за навивачите на Ливерпул. Депресијата од несреќно загубената трка за титулата од претходното првенство, постојано се провлекува.
„Црвените“ се далеку од желбите во Премиер лигата, тешки удари примаат и на меѓународната сцена. Денеска се соочени со најголемиот императив.Победнички дострел им е неопходен против Базел за да останат на европскиот колосек.А, обично најтешко е кога се мора! И за играчите и за Брендан Роџерс, чија клупа е критично вжештена. Во трите досегашни соочувања, Швајцарците не загубиле од Ливерпул,се надеваат и во случајов на бод цо кој ќе одлетаат повисоко во Европа.
Малку поинаков карактер ќе има битката на Луј Втори стадионот во Монако. Таму Зенит ќе мора да го нападне домаќинот. Ја испуштија Русите шансата дома да победат, па сега се со морање и верување во среќата дека во своето прво гостување на Азурниот брег победнички ќе го завртат резултатскиот рулет!
На листата на екипите со посебни желби е и Јувентус.Го пречекува Атлетико од Мадрид. Со победа со два гола разлика, Италијанците ќе бидат први во групата, но нивните мисли се првенствено насочени за освојување на потребниот бод, кој ги води во 1/8 финалето.
Грчкиот Олимпијакос ќе игра во Атина против Малме, и ќе го наслушнува ехото од Торино, дали Атлетико со победа над Јувентус може да им ја направи непроценливата услуга.Неколку мечеви вечерва се со помали приоритети:Реал Мадрид-Лудогорец, Бенфика-Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд-Андерлехт и Галатасарај-Арсенал.
Лига на шампиони:6 коло
20.45 часот:
А група:
Јувентус-Атлетико Мадрид
Олимпијакос-Малме
Табела:
1.Атлетико Мадрид 12
2.Јувентус 9
3.Олимпијакос 6
4.Малме 3
Б група:
Ливерпул-Базел
Реал Мадрид-Лудогорец
Табела:
1.Реал Мадрид 15
2.Базел 6
3.Ливерпул 4
4.Лудогорец 4
Ц група:
Бенфика-Баер Леверкузен
Монако-Зенит
Табела:
1.Баер Леверкузен 9
2.Монако 8
3.Зенит 7
4.Бенфика 4
Д група:
Борусија Дортмунд-Андерлехт
Галатасарај-Арсенал
Табела:
1.Борусија Дортмунд 12
2.Арсенал 10
3.Андерлехт 5
4.Галатасарај 1
