Единствена туристичка понуда на земјите од ЦЕФТА

09.12.2014 13:13

За поголем развој на туризмот земјите од ЦЕФТА регионот преговараат и за единствена туристичка понуда...

340 илјади туристи годинава ја посетиле Македонија. Бројот на туристи споредено со лани се зголемил за 5,6 проценти. Најмногу бројни биле Холанѓаните, Турците,Србите  и Грците.

За поголем развој на туризмот земјите од ЦЕФТА регионот преговараат и за единствена туристичка понуда.

„За да постојат регионални туристички тури, потребно е да се обезбедат нискобуџетни авиодестинации. Тоа би значело дека секој главен град во регионот, посебно во ЦЕФТА проектот би бил на дневна основа поврзан со нискобуџетни авиолинии, со евтини авиобилети, со што на тој начин регионот би имал поголема можност за развој на туризмот“, изјави Даниела Михајловска, Стопанска комора.

Според податоците на Заводот за статистика, бројот на домашни туристи е зголемен за 2,2 проценти, додека бројот на странските за 8,4 проценти.