Кошарка – НБА

Антиќ и Атланта втори на „Истокот“!

09.12.2014 13:22

Перо Антиќ и Хоукс славеа кај Индијана со 108:92. Нашиот кошаркар за 15 минути реализираше седум поени два скока и по една асистенција, блокада и украдена топка. Најефикаен на мечот беше неговиот клупски колега Ал Хорфорд со 25 коша...

По пет сезони, Атланта е во серија од седум победи и затоа е втора во НБА Источната конференција со биланс 14-6. Перо Антиќ и Хоукс славеа кај Индијана со 108:92. Нашиот кошаркар за 15 минути реализираше седум поени два скока и по една асистенција, блокада и украдена топка. Најефикаен на мечот беше неговиот клупски колега Ал Хорфорд со 25 коша.

Торонто е лидер со 16 триумфи и пет порази по победата против Денвер по дополнителните пет минути. 112:107 за Репторс кои се спасуваа во последните секунди од основниот дел од мечот со тројката на Патрик Патерсон кој уфрли 19 поени. Најрасположен со 26, беше Лоу Вилијамс.

Вашингтон е трет со ист ефект како и Атланта откако по две продолженија беше подобар од Бостон со 133:132, благдоарение најмногу на Џон Вол кој имаше 26 поени и 17 аситстенции.

Кливленд е четврти на „Истокот“ со 12 триумфи и седум загубени натпревари. Седмата победа по ред Кавалирс ја остварија кај Бруклин со 110:88 затоа што го има разиграното трио Дион Вејтерс со 26 поени, Кевин Лав со 19 коша и 14 скока и Леброн Џејмс со 18 поени и 7 асистенции.

Голден Стејт е најдобрата екипа во моментов. Вориорс како гости ја совладаа Минесота со 102:86 за низа од 13 триумфи или вкупно 18 со само два пораза. Стефон Кари постигна 21 поен.

Клиперс се радуваа против Феникс по продолжение со 121:120. За лично рекордно постигнување на Блејк Грифин му беа потребни уште два поена, но со 45 и со решавачката тројка со звукот на сирената го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата.

Руси Геј со 26 поени и со 6 асиетнции го однесе сакраменто до домашен триумф против Јута со 101:92.

Резултати:

Индијана - Атланта              92:108

Торонто - Денвер                  112:107 (по продолжение)

Вашингтон - Бостон                         133:132 (по две продолженија)

Бруклин - Кливленд                         88:110

Минесота - Голден Стејт      86:102

Клиперс - Феникс                 121:120 (по продолжение)

Сакраменто - Јута                 101:92