Нов саем за „Купи куќа, Купи стан“ од 20-ти декември

09.12.2014 13:30

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека ваквиот непосреден начин дава резултат и дека за еден месец се одобрени 50 барања.

Нов саем за проектот „Купи куќа купи стан“ ќе се одржи од 20-ти до 28-ми овој месец во Скопје. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека ваквиот непосреден начин дава резултат и дека за еден месец се одобрени 50 барања.

На едно место повторно ќе ги собереме банките преку кои се реализира проектот, градежните компании и Министерството за финансии и ќе им овоможиме на граѓаните во една порелаксирана атмосфера да ги добијат потребните информации, да размислат за поволностите што се нудат, како и  за високиот износ на субвенции  што се нудат. Секој граѓанин може преку овој проект да добие поддршка од 9.000 до 14.000 евра, изјави Ставрески. 

Верува дека на овој начин ќе продолжи добриот тренд што почна со првиот саем што се одржа на крајот на октомври и оти само во ноември се одобрени 50 барања.

Преку проектот досега вкупно се одобрени близу 400 барања. Може да се купи нов стан или да се гради куќа.