Усвоен деловникот за работа на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР

09.12.2014 13:36

Претседателското место и припаѓа на опозицијата, но поради бојкотот на Собранието со седницата претседаваше пратеникот Иван Иванов, определен од спикерот Трајко Вељаноски...

Прва седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. Експресно усвоен деловникот за работа. Претседателското место и припаѓа на опозицијата, но поради бојкотот на Собранието со седницата претседаваше пратеникот Иван Иванов, определен од спикерот Трајко Вељаноски.

На седницата беше присутен и директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев.

Надлежности на Комисијата, според Предлог-деловникот, се прашања кои се однесуваат на: почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони, законитоста во спроведување на овластувањата на УБК и на АР од аспект на пречечекорувања на овластувањата, преземање на неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето спротивно на нивните права утврдени со закон, методите и средствата што ги користат УБК и АР од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост, како и воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор.

Комисијата за својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Република Македонија. Инаку, Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР има претседател, осум члена, заменик-претседател и осум заменици-членови