„Меѓаши“: Сиромаштијата- најголем проблем за децата

09.12.2014 13:55

На СОС-телефонот за деца и млади годинава регистрирани се 102 контакти. Според директорот на „Меѓаши“ Драги Змијанац, оваа година најголем проблем е сиромаштијата за која што луѓето побарале помош...

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ го презентира извештајот за работата на СОС телефонoт за деца и млади и на службите за директна помош и поддршка на децата за периодот од јануари до 30-ти ноември годинава. Презентирани статистички обработените податоци, генералните заклучоци и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Република Македонија.

На СОС-телефонот за деца и млади годинава регистрирани се 102 контакти. Според директорот на „Меѓаши“ Драги Змијанац, оваа година најголем проблем е сиромаштијата за која што луѓето побарале помош.

Веќе не е проблем осаменост, оттуѓеност или агресија, веќе не е проблем ни насилство, тепачки во средните и основните училишта, туку најголем проблем оваа година што го регистрира нашиот телефон е сиромаштијата, истакна Змијанац. 

50 проценти од дојавите се поврзани со сиромаштија, односно со неписменост, злоупотреба на децата, исклученост од образование, со не доволна вклученост на децата во градинките, основните училишта, не завршувњето на средното училиште.