Украина од денес добива руски гас

09.12.2014 14:06

Инаку, во Доњецкиот и во Луганскиот регион денеска нема да се користи оружје, соопштија укаринските власти и проруските сепарати...

Украина од денеска повторно добива руски гас откако Киев ги надмири долговите. Испораката беше стопирана поради несогласувањата околу цената на енергенсот.

Инаку, во Доњецкиот и во Луганскиот регион денеска нема да се користи оружје, соопштија укаринските власти и проруските сепаратисти.

Украинскиот претседател Порошенко очекува во текот на неделата да се одржи состанок со официјални петставници на Москва во Минск.