Бесими - Кас Грање: Политичкиот дијалог да се води со конструктивен однос во рамки на институциите
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Бесими истакна дека евроатлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на земјата...

Клучните приоритети на Република Македонија во процесот на европската интеграција, како и нејзините перспективи и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда беа теми на кои денеска во Скопје разговаа заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и директорот во Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Бесими истакна дека евроатлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на земјата, а Владата продолжува да ги спроведува потребните реформи и мерки за понатамошно правно и институционално приближување кон Европската Унија.
Соговорниците ја истакнаа определбата на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, како и тоа дека сите субјекти треба да работат на реформите, а политичкиот дијалог да се обезбедува со конструктивен и одговорен однос во рамките на институциите што ќе биде од значење за интеграциите на нашата земја, се вели во соопштението.
