Лауреати Исинбаева и Фарах
Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) ги прогласи атлетичарите Мо Фарах и Јелена Исинбаева за најдобри спортисти за 2013. На Светското првенство во Москва, Британецот Фарах освои златни медали во трките на пет и на десет километри, а тоа остварување беше доволно за да победи во изборот пред Рафаел Наздал и Себастијан Фетел, кој ја одбрани круната во Формула 1.

Мундијалското злато во скок со стап во Москва пресуди спортските новинари третпат да и го доделат епитетот најдобра во годината на Исинбаева. Руската дива освои седум гласа повеќе од словенечката скијачка гордост Тина Мазе, а трета беше сонародничката на Исинбаева, руската пливачка Јулија Ефимова.