Хагупит губи на интензитет
09.12.2014 14:21
Се очекува целосно бурата да се повлече утре...

Тајфунот Хагупит го намалува интензитетот на Филипините, откако најмалку 28 луѓе загинаа во источните и централни провинции на земјата. Над 1,6 милион лица ги напуштија домовите.
„Ние сакаме да се вратиме дома. Се плашиме за децата. Не сме безбедни“, изјави локален жител.
Се очекува целосно бурата да се повлече утре. Нема податоци за поплави во главниот град Манила, каде училиштата, државните служби и финансиски пазари беа превентивно затворени.
