Подигнат степенот за безбедност пред објавувањето на извештајот на ЦИА
09.12.2014 14:28
Извештајот е прво јавно документирање на наводната употреба на тортура од страна на ЦИА врз осомничени припадници на Ал Каеда...

Засилени мерки на безбедност пред објавувањето на извештајот на ЦИА за тајните испрашувања во борбата против тероризмот.
Извештајот е прво јавно документирање на наводната употреба на тортура од страна на ЦИА врз осомничени припадници на Ал Каеда по нападите врз САД на 11-ти септември 2001-ва година.
Оваа програма на ЦИА беше стопирана од претседателот Обама во 2009-та година. Белата куќа соопшти дека презема мерки поради „индикации на зголемена опасност“.
