Владата во наредните денови ќе го разгледува предлогот за државен испит
Адеми повтори дека ќе дискутира со студените откако ќе се утврди моделот за државен испит...

Министерството за образование го подготви предлогот за државниот испит, а Владата треба да го разгледа во наредните денови. Откако ќе бидат утврдени нацрт- текстовите ќе има јавна расправа на која свои сугестии ќе може да дадат сите заинтересирани и засегнати страни.
Адеми повтори дека ќе дискутира со студените откако ќе се утврди моделот за државен испит.
Ги разбирам студентите, но ќе повторам се уште немаме утврдено ни модел, ни концепт за државен испит. Кога ќе го утврдиме ќе го дискутираме и со нив. Ако има издржани аргументи ќе ги прифатиме, но заедничка цел и на студентите и на Владата е подобрување на квалитетот на високото образование, рече министерот Адеми.
Од Студентски пленум не прифаќаат никаков вид на испит. Закажаа протест за утре.
