Ракомет, СЕХА Лига

Дерби е дерби

09.12.2014 14:40

Според стратегот на Металург најважно е во наредните 7 дена во кои екипата ќе одигра 3 СЕХА натпревари е да нема повреди, особено да не се повтори минатогодишната ситуација кога во големото дерби сериозно се повреди Наумче Мојсовски...

Металург е во специфична ситуација, кон сите проблеми со кои се соочува македонскиот шампион се надоврзаа и повредите на Вугрунец, Јоноски и Нелоски кои не тренирале и се под знак прашалник за настап во натпреварот со Вардар, но оние што се на располагање подготвени се да одговорат на предизвикот, иако фаворитската улога во големото не само македонско дерби тренерот на Металург Лино Червар му ја препушта на противникот:

„Предизвик е да се игра со Вардар, ќе добијат шанса помладите играчи и со сите сили ќе се обидеме во овој состав што го имаме на располагање и во ситуацијата во која сме да одиграме и да го дадеме максимумот.Пред два месеца ова беше најголемото дерби на Балканот,сега работите се сменети.Верувајте ми не сум љубоморен на Вардар,се што се гради е добро, бидејќи е тука и ќе остане засекогаш за да се игра ракомет“.

Според стратегот на Металург најважно е во наредните 7 дена во кои екипата ќе одигра 3 СЕХА натпревари е да нема повреди, особено да не се повтори минатогодишната ситуација кога во големото дерби сериозно се повреди Наумче Мојсовски.

Без оглед на се ,дерби е дерби,ривалитетот со противникот е како и секогаш досега:

„Од име на играчите можам да ветам максимална борбена и дисциплинирана игра.Знаеме што значат натпреварите со Вардар, па макар биле и пријателски. Секогаш има борба, притисок, жар и знам дека нѐ очекува тежок меч. Вардар е во подобра ситуација од нас, можам да кажам дека се фаворити. Ние сме малку редуцирани со составот, сите знаете и каков натпревар имавме во саботата со Брест, малку погруб од обично, но ќе се бориме максимално“-вели во пресрет на дербито Гоце Георгиевски.

Во првиот натпревар сезонава во Сеха, Вардар славеше со 27-21, реваншот во лигата во која двете екипи сега влегуваат од различни позиции на табелата ќе биде одигран утре во спортскиот центар Борис Трајковски од 20 часот и 15 минути, а неколку минути порано ќе стартува и преносот на МРТ собранискиот сервис.