Наскоро ќе се знае стратегијата околу спојувањето на ВИП и ОНЕ
09.12.2014 15:02
Се скенира целокупното работење на компанијата, во која новиот газда поседува 55 насто удел и ќе има целосна контрола...

Наскоро ќе се знае стратегијата на менаџментот на Телеком Австрија групацијата околу спојувањето на ВИП со ОНЕ.
Се скенира целокупното работење на компанијата, во која новиот газда поседува 55 насто удел и ќе има целосна контрола. По добивање на резултатите- формалната одлука ќе стигне и до антимонолполската комисија.
„Штом тие резултати ќе бидат познати ќе биде позната и одлуката за продолжување и понатаму. Воедно во тој момент ќе биде и формално известена Комисијата за заштита на конуренцијата“, потврди првиот човек на ВИП, Никола Љушев.
