Законот за регулирање нерегистрирана дејност во собраниска процедура
Целта на законот е да се намали сивата економија, нелојалната конкуренција и даночната евазија...

Мајсторите што вршат поправки во домаќинствата, домашните помошнички или доколку соседката ви го чува детето или старо лице, не се опфатени со Законот за спречување на нерегистрирани дејности.
Новопредложените мерки ќе важат за правните субјекти и физички лица кои не се регистрирани во посебните регистри или ги немаат потребните лиценци и дозволи.
Целта на законот е да се намали сивата економија, нелојалната конкуренција и даночната евазија. Казните за непочитувањето на новите норми ќе се движат од 10 до 20 илјади евра за правно и од 3 до 10 илјади евра за физичко лице.
Законот, изјави ресорниот министер Диме Спасов, ќе се применува по три месеци од усвојувањето.
