Попоски во Брисел: Македонија на себе ја учи позицијата на сила
„Додека другите земји-кандидатки учат приципи важни во европските кругови, Македонија на себе ја учи позицијата на сила“, оценка на македонскиот шеф на дипломатијата на конференцијата во Брисел...

Во однос на економските реформи Македонија има подобри резултати и од некои земји членки на Европската Унија, истакна министерот Попоски на денешната коференција „Заживување на Балканот – нов почеток на закочените реформи“ во организација на невладината „Пријатели на Европа“.
„Тоа што беше значајно што од повеќе преставници од Европкската комисија, беа поздравени сите напори кои Република Македонија ги прави во правец на подобрување на економската состојба, со привлекување на инвестиции, со воведување на реформи кои не прават подобра дестинација за водење бизнис, а тоа е препознато во извештаите на Светската банка“, изјави шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
Директор на Генералниот директорат за преговори за проширување, Кристијан Даниелсон, забележува напредок кај речиси сите држави од Западен Балкан - кандидати за членство.
„Изминативе години се фокусиравме на тоа да разјасниме дека развојот на економијата, економска влада, структурни реформи се многу поврзани со тоа што е фундаментално за процесот на пристапување, односно, владеење на правото, функционирање на судството, борба против корупцијата“, нагласи Даниелсон.
Од учесниците на конференцијата беше констатирано дека се чуствува замор од проширување на Европската унија, и дека одолговлекување на овој процес во истовреме создава замор и за спроведување на реформи кај потенцијалните членки, како и фрустрации кај граѓаните.
Во тој контекст македонскиот шеф на дипломатијата порача дека додека другите земји кандидати учат владеење на правото и други приципи важни во европските кругови, Македонија на себе ја учи позицијата на сила. Односно, дека правото на вето една членка и оневозможува на нашата држава да ги одпочне преговорите, и тоа е нешто на што ние не можеме да влијаеме.
Сепак, довербата во проширување на ЕУ може да се засили доколку конечно се најде решение за проблемите, како што е името на Република Македонија, истакна европратеникот Едуард Кукакн на денешната конференција заживување на Балканот.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
