Кошарка - ЕП 2015

Јужниот сосед за македонските кошаркари: Прв чекор за враќање во врвот ќе биде натпреварот со Грција

09.12.2014 16:44

Порталот спорт24.гр пишува дека оставајќи го зад себе подвигот од Литванија, првиот чекор во обидот на Македонија да се врати во врвот на кошаркарска Европа ќе биде направен во рамките на натпреварот со Грција...

Настапот на македонската кошаркарска репрезентација на престојното европско првенство во кошарка е во фокусот на дел од грчките спортски медиуми, јавува дописникот на МРТ од Атина.

Порталот спорт24.гр пишува дека оставајќи го зад себе подвигот од Литванија, првиот чекор во обидот на Македонија да се врати во врвот на кошаркарска Европа ќе биде направен во рамките на натпреварот со Грција.

Сјајот од 2011 за Македонија или не? – е насловот под кој што порталот Газета пишува дека македонската репрезентација ќе игра на Евробаскетот 2015 та со цел да демонстрира дека успехот од 2011 не беше случаен.

„Во 2011- та официјално стигнаа меѓу елитата на европската кошарка. На Евробаскетот 2011, во друштво на Бо Мек Келеб и Перо Антич, успеаа да го полудат светот и го освоија четвртото место во турнирот“, пишува Газета.

Порталот коментира дека оттогаш македонската репрезентација разочарувала, а сега сака да им понуди одговор на оние што нивниот успех го сметаат за случаен.

Информираат и дека се очекува присуството на Перо Антиќ, додека прашањето е дали овој пат во репрезентацијата ќе игра и Бо Мек Кејлеб или ќе биде заменет со друг натурализиран играч.

 

Марија Котовска - постојан дописник на МРТ од Атина