Наскоро ќе се знае како ќе се затвори спојувањето на ВИП и ОНЕ
Спојување на ВИП и ОНЕ ќе има. Се врши детална ревизија на работењето на третиот мобилен опеартор. За неколку недели менаџментот на Телеком Австрија ќе ја извести Антимонополската комисија и ќе обелодени како ќе ја затвори трансакцијата. Се очекува новиот гигант на пазарот на мобилна телефонија да ја стесни конкуренцијата...

Телеком Австрија врши детално скенирање на работењето на ОНЕ. Наскоро менаџментот на групацијата ќе ги обелодени деталите за затворање на трансакцијата - вели првиот човек на ВИП во Македонија. Конечната одлука за спојувањето на двата мобилни оператори ќе чека одобрување од Антимонополска и став од Агенцијата за електронски комуникации. Според првичните најави, треба да се случи во првиот квартал од 2015- та.
„Штом тие резултати ќе бидат познати ќе биде позната и одлуката за продолжување и понатаму. Воедно во тој момент ќе биде и формално известена Комисијата за заштита на конуренцијата. Од стриктно формлана страна тоа сеуште не е нправено, бидејќи формална одлука сеуште не е донесена“, потврди извршниот директор на ВИП, Никола Љушев.
Со милијарда евра менаџментот ќе ја засилува финансиската позиција на групацијата и инвстициите во инфраструктурата.
„Ќе правиме акцизиции и спојувања кои ќе ни одговараат како групација. Тоа се тие цели и во однос на тие милијарда евра ништо не се променило“, изјави Гунтер Отендорфер, главен технички директор на Телеком Австрија.
Засега надлежните институции во Македонија молчат. Ги чекаат деталите од договорот за да излезат со официјален став.
Ако дадат зелено светло ќе се формира нов гигант на македонскиот пазар на мобилна телефонија. Ќе има речиси ист број на корисници како Т-Мобиле. Каков бенефит ќе добијат граѓаните по стеснување на конкуренцијата, засега само претпоставки.
Сузана Фиданска- Стоевска
