Будењето од кома за неколку дена

02.01.2014 12:34

Здравствената состојба на Михаел Шумахер и натаму не се менува. Лекарите го одржуваат седумкратниот шампион во формула во индуцирана кома и постојано ги следат промените во неговиот мозок кој претрпе силна траума по несреќата на скијачката патека во Мерибел. Утре Шумахер ќе наполни 45 години, а медицинскиот тим во болницата во Гренобл најави дека за два или за три дена ќе се обиде да го разбуди пациентот од кома.

Се уште не се докрај познати деталите од несреќата, но се верува дека Шумахер застанал да му помогне на некој друг скијач, а откако повторно почнал да скија,  удрил во карпа покриена со снег, се катапултирал, а потоа удрил со глава во друга карпа. „Разговарав со многу стручњаци, кои ми рекоа дека таква несреќа можела да се случи и со брзина од десет километри на час“, рече портпаролката на Шумахер, Сабине Кем.