Евтини авиолинии за развој на регионалниот туризам
За поголем развој на туризмот земјите од ЦЕФТА регионот преговараат и за единствена туристичка понуда, за евтини летови и туристички дестинации...

Македонија годинава ја посетиле повеќе од 340 илјади туристи. Споредено со лани тоа зголемување од 5,6 проценти. Заслуга за оваа статистика има и Скопје. Меѓу 150 градови во светот македонската метропола е рангирана на 13- тото место на листата на најдостапни градови во 2014 година според индексот на цените за сместување. Итражувањето е спроведено од европската веб страница GoEuro.com.
„За поголема активна информација за Република Македонија, потребно е да се користат сите средства. Денешната технологија го дозволува тоа, дали стнаува збор за мобилна апликација, дали се тоа веб страници или спотови, разни учества на телевизии- поттикнуваат интерес за Македонија“, смета туристичкиот водич Гордана Јанакиеска.
А Македонија има што да понуди велат туристичките работниците културните, историските вредности но и традицијата .
„Во моментов атрибут кој треба најмногу да се потенцира се природните убавини на Македонија, кои ги воодушевуваат гостите, оној авантуристички туризам кој е примамлив како и еколошката и чиста храна“, изјави Ане Петровска, туристички работник.
За поголем развој на туризмот земјите од ЦЕФТА регионот преговараат и за единствена туристичка понуда, за евтини летови и туристички дестинации.
„За да постојат регионални туристички тури, потребно е да се обезбедат нискобуџетни авиодестинации. Тоа би значело дека секој главен град во регионот, посебно во ЦЕФТА проектот би бил на дневна основа поврзан со нискобуџетни авиолинии, со евтини авиобилети, со што на тој начин регионот би имал поголема можност за развој на туризмот“, изјави Даниела Михајловска, Стопанска комора.
Годинава најбројни гости во Македонија биле Холанѓаните, Турците, Србите и Грците.
Дијана Ценевска
