Голема полициска акција во Западна Македонија, уапсени над 10 лица
10.12.2014 09:21
Се товарат за тешки кривични дела, насилен криминал, изнуди, насилства, перење пари...

Полицијата удри по организираниот криминал во гостиварско. Извори од истрагата за МРТ информираат дека се уапсени над 10 лица, меѓу кои адвокати и еден извршител од Скопје.
Се товарат за тешки кривични дела, насилен криминал, изнуди, насилства, перење пари...
Акцијата сеуште е во тек. Извори од истрагата говорат дека некои се дале во бегство, но потерата сеуште трае.
Еден од осомничените при претрес во неговиот дом пукал кон полицијата, но за среќа бил совладан и нема повредени. Одземени се повеќе возила.
Повеќе детали од МВР околу акцијата се очекуваат во текот на денот.
