Детонации во близина на полициските станици во Тетово и Куманово
10.12.2014 09:21
Слушнати се детонации во близина. Не е регистрирана никаква штета. Додека не заврши увидот не можам да дадам никакви дополнителни информации, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР...

Во близина на полициските станици во Тетово и во Куманово синоќа нешто по 21 часот се слушнале две експлозии. Од МВР потврдуваат дека детонациите се во близина на станиците и демантираат дека тие биле мета на нападот.
Слушнати се детонации во близина. Не е регистрирана никаква штета. Додека не заврши увидот не можам да дадам никакви дополнителни информации, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски синоќа изјави дека изминатата ноќ нешто по 21 часот силна детонација се слушнала надвор од кругот на СВР Тетово покрај оградата во близина на влезот во дворот.
МВР потврдува дека синоќа било пријавено во полицијата дека е слушната детонација надвор од кругот на полициската станица во Куманово.
Веднаш е излезено на лице место и утврдено е дека незначително е оштетно едно приватно возило кое било паркирано во близина, соопшти порпаролот на МВР Иво Котевски.
Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување на настанот.
